Вечното српско дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда заврши без победник (1-1), но сепак го одбележа неверојатниот волеј на Осман Букари во првото полувреме од средбата.

Ц. Звезда нападна кон голот во средината на првите 45 минути, по што стигна една топка до Букари, кој без многу размислување ја испрати во мрежата на Партизан.

„Црно-белите“ не се предаваа лесно и тргнаа по гол, а мрежата на големиот ривал успеаа да ја затресат дури во 56. минута од пенал преку Натхо.

Актуелниот првак по седум одиграни меча се наоѓа на првото место со 19 бодови, додека Партизан е осми со 12 бода.

https://twitter.com/nasaczv/status/1565045034159935493?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1565045034159935493%7Ctwgr%5Ef89279231eca9d6a56892015d1ed6ee4b0c8bb56%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fbalkanci%2Fvechnoto-derbi-zavrshi-bez-pobednik-golot-na-bukari-ne-beshe-dovolen-za-c-zvezda