Фудбалерите на Виљареал ја совладаа Аталанта во Бергамо со 3:2 и се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Натпреварот требаше да се одигра во среда навечер, но поради обилни снежни врнежи  беше одложен за четврток.

Во Италија во подобра ситуација пристигна минатосезонскиот победник на Лига Европа, а за пласман понатаму им беше доволен и бод.

Тие не сакаа да се задоволат со него, туку уште од самиот почеток го нападнаа италијанскиот ривал.

До предност стигнаа во 3. минута преку Данџума, а Капуе во 42. минута го удвои водството.

Се покажа дека гостите дојдоа до недостижно водство во 51. минута, а стрелец повторно беше Данџума.

Аталанта се обиде да се врати,  погодија Малиновски во 71 и Запата во 80, но тоа не беше доволно.

Виљареал му се приклучи на Манчестер Јунајтед во нокаут фазата, додека Аталанта ќе мора да се задоволи со 1/16 финалето од Лигата на Европа.

Носители :
Ајакс
Баерн
Ливерпул
Манчестер Сити
Манчестер Јунајтед
Реал Мадрид
Јувентус
Лил

Неносители :
Атлетико Мадрид
Интер
Пари Сен Жермен
Спортинг
Челзи
Салзбург
Бенфика
Виљареал