Комична сцена се случи вечерва пред натпреварот помеѓу Партизан и Анортозис.

Пред фудбалерите да излезат да се загреваат, камерата покажа куче кое врши голема нужда на теренот кај јужната трибина.

https://twitter.com/i/status/1468996180373872640

Откако ја заврши ’работата’ кучето исчезна од теренот и од него немаше трага околу половина час, но повторно се појави.

Кучето имаше ново шоу малку подоцна. Тој ја прекина играта во 10. минута, но овојпат беше отстранет од теренот.

Секако, Партизан е исмеан на социјалните мрежи, особено од навивачите на големиот ривал Црвена Звезда.