Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема ќе го пропушти денешниот натпревар против Севиља во Примера дивизион поради проблем со бутниот мускул, соопшти шпанскиот клуб.
„Забележан е мускулен замор на квадрицепсот на левата нога“ при прегледот на францускиот напаѓач, соопшти Реал.
Од Мадридскиот клуб, сепак, не прецизираа колку долго Бензема ќе биде далеку од терените, а оваа вест доаѓа на помалку од еден месец до почетокот на Светското првенство во Катар.
Според шпанските медиуми, Французинот го прекинал вчерашниот тренинг поради непријатност во бутниот мускул.
По освојувањето на Златната топка во понеделникот, Бензема постигна гол во победата на Реал против Елче во средата.
Бензема веќе пропушти еден месец на почетокот на сезоната поради повреда на десната бутина која ја заработи за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Селтик на 6 септември.
Натпреварот Реал Мадрид – Севиља се игра вечерва од 21.00 часот