Фудбалерите на словенечкиот Мура го совладаа англискиот Тотенхем во Марибор со 2:1 (1:0), во натпреварот од петтото коло од групната фаза на Лигата на конференциите.
Словенечкиот тим направи големо изненадување и го фрли тимот на Антонио Конте на колена.
Мура нема шанси да оди понатаму и ова им се први бодови во Конференциската лига, а Тотенхем пред последното коло падна на третото место, зад Витесе. Двата тима имаат по седум бода.
Домаќинот во 11. минута поведе преку Хорват, кој од левата страна биеше од работ на шеснаесетникот. Гостите од Лондон останаа со играч помалку во 32. минута, кога вториот жолт и црвен картон го заработи Сешон. Хари Кејн израмни во 72. минута, а во судиското продолжение Марос му донесе победа на Мура.
Во вториот натпревар од оваа група, Рен и Витесе одиграа 3:3 (2:1) во Франција.