Хрватската кошаркарска репрезентација го отвори настапот во квалификациите за Светското првенство со пораз на домашен терен од Словенија со 76:74 .
Поискусната Словенија со голем број играчи кои поминаа низ многу големи натпреварувања одигра на повисоко ниво, но Хрватска беше во игра за победа до самиот крај.
Хрватска почна подобро и поведе со 11:3, но потоа дојде до напаѓачка криза и Словенија успеа да се врати.
Уште еден многу добар период од хрватската игра беше почетокот на второта четвртина кога избраниците на Мршиќ стигнаа до својата највисока предност од 28:18, во поголемиот дел од втората четвртина Хрватска беше во водство, но на крајот не реагираше добро, Словенија го заврши полувремето со серија од 8:0 и предност од 41:39 на паузата.
Во третиот дел, приказната се промени. Имено, Словенија беше таа која водеше, а Хрватска подобро се снајде во финишот, кога направи серија од 11:3 и во последниот дел влезе со водство од 56:55.
Последната делница донесе голема борба и на крајот победа на Словенија. Пресуди тројката на Јаков Чебашек во последната минута под прекршок на Марчинковиќ, Словенија се одвои на 72:69. Бундовиќ потоа промашува тројка, , а на 20 секунди до крајот Марчинковиќ постигнува кош.
Николиќ брзо беше испратен на слободни фрлања, ги погоди двете , за Бундовиќ да направи прекршок во напад и дефинитивно да го реши победникот. Препелиќ реализираше две слободни фрлања, а Баџим со тројка со сирената само намали на 76:74.
Бундовиќ мечот го заврши со 16 поени, седум скока и пет асистенции, а Роко Пркачин додаде 15 поени и пет скока. Кај Словенија Препелиќ постигна 16 поени, Јака Блажиќ 15 со девет скока, а Едо Муриќ 14 со десет скока.