Предводникот на МЗТ Скопје, Александар Петровиќ беше задоволен од залагањето на своите кошаркари, грешката ја гледа во првата четвртина во која неговиот тим постигна само девет поени, како и во бројот на офанзивни скокови.
„Мечот го почнавме во грч, првата четвртина ја завршивме со фамозни девет поени, во следниот период притиснавме во одбрана. Партизан шутираше страшно за три поени, имаше добар процент од линијата за слободни фрлања. Имавме проблем со дефанзивниот скок, имаа повеќе офазивни скокови. Кога резултатот дојде до десет разлика, направија офанзивен скок и напад, го зголемија резултатот. Не велам дека ќе се сменеше нешто.
Сепак не можам да бидам незадоволен од тоа како се залагаа на терен. Распоредот е тежок, игравме против две екипи кои играат во Евролига, ни следи уште еден тежок меч против Будуќност. Целта останува иста, да се обезбеди опстанок во АБа-лига“, изјави Петровиќ.