Денвер Нагетс е сигурен на првата позиција пред плеј-офот, па со играчите од клупата го намачи Феникс, кој дојде до победа од 119-115. Резултатска неизвесност и пресврти имаше во текот на целиот натпревар, сепак на крајот во одличен финиш “сонцата“ остварија победа. Брус Браун со 31 поен уште еднаш покажа зошто е најдобриот играч од клупата, иако синоќа имаше далеку поголема минутажа.

Феникс со оваа победа го осигура четвртото место и предноста на домашен терен во плеј-офот.

Екипата на Кливленд во натпревар без поголемо резултатско значење го совлада Орландо со убедливи 118-94. Домашните подобро го отворија натпреварот и имаа предност после првиот период, но во продолжение од мечот Кливленд го презеде водството и тоа постојано растеше. Грин со 21 поен беше најефикасен во победничката екипа, додека Осман уфрли два помалку, однсно 19 поени. Во поразената екипа Сагс со 22 поени беше најефикасен.

Убедлива победа на гостински терен забележа и екипата на Мајами, која ја совлада Филаделфија со 129-101. Ембид постигна 21 поен за 30 минути игра, по што беше заменет бидејќи Мајами веќе имаа убедливо водство од 25 поени разлика.

Резултати: Орландо – Кливленд 94-118, Филаделфија – Мајами 101-129, Сан Антонио – Портланд 129-127, Јута – Оклахома 98-114, Феникс – Денвер 119-115