Фудбалската женска репрезентација на Македонија до 19 години го победи Гибралтар со 3-0 во второто коло на квалификацискиот турнир во Скопје, во групата Б1 (втора рунда, лига Б).
Билјана Панеска во 11.минута донесе водство, а Веса Села во 22.минута зголеми на 2-0.
Третиот гол повторно беше дело на Билјана Панеска во 48.минута.
Младата репрезентација на Македонија славеше убедлива победа и против Грузија со 4:0 во првото коло.
Селекторот Мерко на денешниот натпревар против Гибралтар по 100. пат ја водеше женската репрезентација на Македонија до 19 години.
Македонија: Кабакчи, Блажевска, Головска, Мојсоска, Далипи, Ристовска, Стаблева, Села, Велиу, Сулејмани, Панеска