Македонската тенисерка Лина Ѓорческа дојде до својот 13-ти трофеј во кариерата, прв годинава, откако во двојки со словенечката партнерка Вероника Ерјавец го освоија ИТФ-турнирот во Сплит.
Ѓорческа и Ерјавец во два сета за 63 минути, ја победија словенечко-хрватската комбинација Ника Радишиќ-Тара Вурт со 6-1, 6-4 со што македонската тенисерка дојде до првиот трофеј во 2023 година. Минатата година го освои Хераклион, а во кариерата од 2012 година наваму освои 12 трофеи на ИТФ-турнирите.
Ѓорческа и Ерјавец ги здробија ривалките во првиот сет откако направија брејк и во серија освоија четири гема за освојување на првиот сет, а во вториот во петтиот гем направија брејк за водство со 3-2, па дојдоа и до 4-2, но брзо потоа прокоцкаа сѐ за противничките да се вратат до 4-4. Сепак, со рибрејк македонско-словенечкиот дубл повторно ја врати предноста, а потоа и стави печат на победата.