Надал и Зверев играа три часа извонреден тенис во кој Шпанецот го доби првиот сет после тај-брејкот со 10-8 за да го освои со 7-6, а потоа мечот дојде до нов тај-брејк после 6-6 во гемови, но се случи големиот пех по што Надал обезбеди ново финале и битка за својот 22-ри гренслем трофеј во кариерата.
Вториот сет донесе дури осум брејка во 12-те гема, зашто и двата тенисери никако не можеа да го исконтролираат својот сервис, ама јавноста остана покуса за да го догледа спектаклот во кој имаше поени што траеа и по една минута и 44 размени на удари.