Најталентираниот македонски тенисер во моментов, Калин Ивановски, се најде меѓу четворицата најдобри на ИТФ-турнирот во австрискиот град Котингбрун, откако денеска без поголеми проблеми го реши Питер Голдштајнер.
Македонецот до триумф дојде без загубен сет и тоа со резултат 6-3, 6-4, а претходно ги совлада Биелински (Украина) и Шел (Германија).
Ивановски утре, за место во финалето, ќе ги одмери силите со подобриот од пресметката помеѓу првиот носител на турнирот, Валентин Вашеро (Монако) и Нејтан Сетон (Франција).