Тој веќе подолго време е трансфер-цел на парижаните, а откако Луис Кампос беше назначен за директор во клубот беше јасно дека само прашање на време е кога фудбалерот од средниот ред ќе се пресели на „Паркот на принцовите“.
Токму Кампос го доведе Санчез во Лил, а сега ќе биде и главниот виновник за неговиот трансфер во Париз. Фудбалерот прво ќе пристигне на позајмица, а следното лето „светците“ ќе можат да го откупат за 10 милиони евра.
На Санчез инсистира и тренерот Кристоф Галтие, кој беше тренер на Лил, кога овој тим предминатата сезона ја освои титулата во Лига 1. Санчез беше мета и на Милан, но италијанскиот шампион не може да му понуди услови како ПСЖ.