Станува збор за крилен центар, кој веќе има пет средби одиграни за најсилниот состав на македонската репрезентација. Претходно беше еден од лидерите на кадетската, јуниорската и на младинската репрезентација, со која летово настапи на Европското првенство (ЕП), дивизија Б во Тбилиси.
„Од Андоновски очекуваме да биде еден од предводниците на МЗТ Скопје во идниот период, односно достоен наследник на генерациите кои досега доминираа во макбаскетот носејќи го сино-белиот дрес“, велат од таборот на МЗТ.
Тој е десеттиот кошаркар со кој во моментов располага тренерот Александар Петровиќ, по Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. Тука се и талентираните Димитар Иванов, Бојан Величковски и Марко Спасовски.