Европскиот шампион Реал Мадрид е заинтересиран за германскиот репрезентативец Тимо Вернер од Челзи. Тој би можел да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, откако Карло Анчелоти напомена дека му е потребен уште еден напаѓач кој би можел да биде квалитетна замена за Карим Бензема.

Тимо Вернер дојде во Челзи во 2020 година како големо засилување од Лајпциг во трансфер вреден 53 милиони евра, но не успеа да го потврди својот статус на голгетер што му беше потребен на Челзи.

Тој одигра 56 натпревари во Премиер – лигата и постигна само десет голови.

Претходните денови  германскиот напаѓачот беше поврзуван со трансфер во Јувентус.