Фудбалерите на Македонија ЃП на скандалозен начин беа дочекани на стадионот „Бугарска Армија“ во Софија. Навивачите на ЦСКА Софија скандираа „Бугари, Бугари“ кон нашите фудбалери, што е очигледен говор на омраза и националистичко скандирање, а сето тоа влезе и во бележникот на делегатот.

Оттаму, речиси е сигурно дека ќе има работа за Дисциплинската комисија на УЕФА и ЦСКА Софија треба да биде жестоко казнета.

Минатата недела, првиот меч во Скопје меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија мина во максимално коректна атмосфера.