Ница му го нанесе третиот сезонски пораз на ПСЖ со 1-0 во рамки на дербито на 27.коло во Лига 1.

 Стрелец на единствениот гол за домашниот тим беше дело на Енди Делор во 88.минута со фантастичен волеј. Парижаните без Килијан Мбапе во составот беа безопасни кон голот на домашниот тим, кој заслужено дојде до три бода со кои се проби на 2.место на табелата со 49 бодови. ПСЖ останува лидер со 62 бода.