Реал Мадрид славеше со убедливи 4-1 против Реал Сосиедад во рамки на 27.коло во Ла Лига.
Гостите поведоа во 10.минута од пенал што го реализира Микел Ојразабал и тоа е сè што направија на овој натпревар. Потоа следуваа две „ракети“ од далечина. Едуардо Камавинга израмни на 1-1 во 40.минута, а само три минути подоцна Лука Модриќ исто така мајсторски погоди за 2-1. Карим Бензема од пенал зголеми на 3-1 во 76.минута, а кратко потоа Марко Асенсио ги постави конечните 4-1.
Реал Мадрид останува убедлив лидер на табелата со 63 бода, осум повеќе од Севилја, која е втора, Сосиедад е шести со 44 бодови.