Дарко Велковски во зимскиот преоден рок може да ја смени средината.
Најнов клуб што се интересира за него е Салернитана. Исто така Велковски е посакуван на лидерот на турското првенство Трабзонспор.
Тимот на Трабзонспор е сериозно заинтересиран за неговите услуги, а можно е таму да има уште еден македонски интернационалец, и тоа во името на Езџјан Алиоски кој исто така е мета на првопласираниот во Турција.
Договорот на Велковски со Ријека истекува на крајот од сезоната кога може да си замине како слободен агент, но во јануари може да преговара со други клубови. Не е исклучено да остане до крајот на сезоната во Ријека, а потоа да замине. Салернитана е клуб кој што е со мали шанси за опстанок во најелитната лига во Италија. Трабзонспор ако стане првак, идната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, што би можело да биде магнет за Велковски да потпише во овој тим.