Манчестер Јунајтед на домашен терен го совлада Барнли (3-1) во последниот натпревар од 20.коло на англискиот фудбалски шампионат, со што ја продолжи серијата без пораз, која сега трае осум натпревари.
Поточно, Јунајтед е непоразен по отказот на Оле Гунар Солскјаер. Во тој период тимот забележа пет победи и три нерешени, со гол разлика 13:7. Тимот од „Олд Трафорд“ нема тежок распоред откако Норвежанецот си замина, но со оглед на тоа што загуби од Ватфорд, Вест Хем, Лестер и Ватфорд, новиот тренер Ралф Рангник може да биде задоволен.
Јунајтед славеше со головите на Мектоминеј (8′), Ми (27′, автогол) и Роналдо (35′), додека единствениот гол за гостинскиот тим го постигна Ленон во 38. минута од натпреварот. Иако се чинеше дека вториот дел ќе донесе голови, мрежите мируваа.
Тимот на Јунајтед сега е на шестото место со 31 бод, четири бода помалку од Арсенал кој е четврти и има натпревар повеќе. Барнли остана на 18. место со 11 освоени бодови.