Репрезентацијата на Србија триумфираше со 2-0 на гостувањето кај Норвешка во рамки на последното коло од групната фаза во Лигата на нации со што избори пласман во најквалитетното друштво, односно Лигата А.
Фантастичниот напаѓачки тандем Душан Влаховиќ и Александар Митровиќ ги постигнаа двата гола за Србите во Осло во 42-та и 54-тата минута. Со овие три бода, нашиот северен сосед заврши на првото место во групата 4 со 13 бодови и од следното издание на Лигата на нации ќе игра во најсилната конкуренција, Лигата А.
На вториот натпревар во оваа група 4, Шведска и Словенија ремизираа 1-1.
ЛИГАТА Б
ГРУПА 1
Ирска – Ерменија 3-2
Украина – Шкотска 0-0
ГРУПА 2
Албанија – Исланд 1-1
ЛИГА Ц
ГРУПА 2
Грција – Северна Ирска 3-1
Косово – Кипар 5-1