Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов наместо гол, запиша асистенција откако неговиот соиграч Симон Тероде „му го украде погодокот“ за почесниот гол во дебаклот на Шалке 04 со Вердер во Гелзенкирхен со 1-4 во дербито на врвот во Цвајта.

Чурлинов кој влезе во игра на почетокот на вториот дел, две минути пред крајот практично го совлада голманот на Вердер, но Тероде ја допре топката, па нему му се запиша погодокот, иако македонското крило практично сѐ направи за да го совлата чуварот на мрежата.

За Чурлинов, кој сезонава ја игра на заем во Шалке ова е втора асистенција, а има и два гола сезонава и после овој пораз сега Вердер е прв, а Шалке на второто место, двете позиции кои водат директно во Бундеслигата, но Сент Паули сега има шанса бодовно да се израмни со тимот на нашиот репрезентативец пред завршните три кола до крајот на сезонава.