Шесткратниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез (Хонда) повторно падна од моторот, овој пат на тренинг во Португалија.
Маркез пребрзо влезе во кривина и изгуби контрола над моторот, кој се лизна. Маркез ја удри главата во асфалтот и го оштети визирот. Но тој брзо стана и продолжи да вози.
https://twitter.com/Adinnaken/status/1517810136286388224?s=20&t=4A1k0SUfddeZjQ1zd7SZgw
Да потсетиме, Маркез имаше тешка несреќа на подготвителната трка на индонезиското ГП, во која не учествуваше поради повреда.