Македонија во пријателски меч загуби од Словачка со резултат 3:1. По сетови 17:25, 25:21, 22:25, 22:25.
Македонските одбојкари вистинското лице го покажаа само во вториот сет, што не беше доволно за победа. Словаците беа супериорни во блокот.
Третиот сет се покажа како решавачки кога при резултат 1:1 во сетови и водство од 18:11 во поени влеговме во една лоша серија од 2:12 при што словаците дојдоа до водство од 23:20.
Ова беше последен натпревар за Македонската репрезентација на турнирот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ на кој го освоивме второто место.