Италијанските одбојкари ги победија актуелните олимписки шампиони Французите со 3:2 (24:26, 25:21, 23:25, 25:22, 15:12) во четвртфиналниот натпревар на Светското првенство.
Натпреварот во Љубљана беше крајно неизвесен. Во секој сет нијансите го решаваа победникот, со тоа што Италија откако изедначи на 2:2 во сетови набрзина отиде на големи 7:2 во петтиот сет, правејќи клучен чекор кон славјето.
Во полуфиналето, Италија ќе игра против Словенија , која во Љубљана ја совлада Украина со 3:1 во сетови , додека во четврток во Гливице, Полска, САД ќе играат со Полска, а Аргентина со Бразил.
Полуфиналните натпревари се закажани за сабота на 10 септември, а финалето за недела на 11 септември во Катовице.