Македонскиот олимписки комитет објави дека Владимир Егоров како највисоко рангиран борач од олимписките квалификации во Баку, Азербејџан и сè уште неквалификуван борач, со А олимписка норма ќе може да настапи на Олимписките игри (ОИ) во Париз.
Македонија добива уште еден македонски спортист, и тоа со А олимписка норма на ОИ во Париз, кои се закажани во период од 26 јули до 11 август оваа година.
Претставници на Македонија ќе бидат уште и Анастасија Мојсовска во дисциплина спортско стрелаштво, Мила Рељиќ која неодамна стана европска шампионка во таеквондо, како и атлетичарот Дарио Ивановски.