По жестокиот конфликт со судијата во полуфиналето на Австралија опен, Даниил Медведев повторно имаше што да му каже на човекот на високото столче, сега во финалето на првиот Грен слем.
Публиката во голема мера беше на страната на Надал и често довикуваше и аплаудираше на секој неуспешен прв сервис на Русинот.
На ова реагираше Медведев и бараше од судијата да биде построг кон нив и да ги опомени многу пожестоко.
„Тие се идиоти. Немаат ништо во мозокот. Празни мозоци. Животот мора да им биде многу лош“, изјави Медведев пред судијата за време на една од паузите меѓу гемовите.