Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја освои својата четврта титула во Акапулко и со тоа го заокружи одличниот почеток на новата сезона .
Петтиот играч во светот за еден месец успеа да освои две големи титули, со две победи над новиот светски рекет број еден, Данил Медведев.
Откако го победи во финалето на Австралија опен, Надал беше подобар и во полуфиналето на Акапулко. Тоа беше вистинско „финале пред финалето“, така што вистинското финале беше многу полесна пречка.
Камерон Нори на пат го имаше само Стефанос Циципас бидејќи Александар Зверев беше исфрлен пред евентуален дуел, а Британецот практично немаше никакви шанси на натпреварот.
Во првиот сет Надал направо брејк во единствената можност, за 3:2 и до крајот на сетот не му дозволи на Нори шанса да се доближи и ја користи првата сет топка за 6:4.
Во вториот сет, Надал започна со брејк за 1:0, кој Нори веднаш го врати, а потоа Надал направи уште два и дојде до 5:2. Беше премногу за Британецот кој успеа да врати само еден, но Надал лесно славеше со 6:4.
Ова е четврта титула во кариерата на Надал на овој мексикански турнир.
АТП Акапулко, финале:
Рафаел Надал (Шпанија, 4) – Камерон Нори (Велика Британија, 6) 6: 4, 6: 4