Во вчерашниот натпревар, Јувентус го совлада Емполи со 3:2 со двата гола на Душан Влаховиќ. Српскиот напаѓач на торинскиот гигант веќе има постигнато четири гола и една асистенција откако дојде. Неговата нова добра игра беше наградена со пофалби од тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, кој по натпреварот ја истакна важноста на неговиот нов играч за тимот.
„Влаховиќ е важен играч, кој има карактер и квалитет, а со неговото доаѓање Јувентус доби карактеристики кои претходно ги немаше. Веднаш може да се каже дека ова момче има карактер, дека е желен за победа и подготвен да учи“, изјави Алегри, кој беше прашан дали Јувентус играше подобро со Влаховиќ отколку кога играше за него Кристијано Роналдо.
„Мислам дека не можете да ги споредувате. Поранешниот сопственик на дресот со број седум ја освои Златната топка четири пати, а Влаховиќ е на почетокот на кариерата. Добрата игра не е доволна, потребна е многу психичка сила и штотуку го започна своето патување“.