Екипата на Ливерпул игра одлично и реди победи во англиското првенство. Тимот на Арне Слот ја совлада и Астон Вила на „Енфилд Роуд“ со 2-0 и се зацврсти на врвот на табелата, максимално искористувајќи го поразот на Манчестер Сити од Брајтон. Сега „црвените“ имаат пет бода предност пред „граѓаните“.
Во главна улога беше напаѓачкиот тандем Нуњез-Салах. Колумбиецот го отвори резултатот во 20. минута на асистенција на Салах кој и покрај тоа што беше срушен на противничката половина успеа да додаде до својот соиграч, а во 84. минута египетскиот фудбалер стави точка на дуелот за деветти триумф на Ливерпул оваа сезона во Премиер лигата.
По паузата, „црвените“ гостуваат кај последнопласираниот на табелата Саутемптон што ќе биде шанса да ја задржи или зголеми предноста во однос на конкурентите.