Нова жртва на шампионот од 2023 година беше Мајами Хит кого Денвер на домашен терен го совлада со 135-122 и повторно на крилјата на Никола Јокиќ. Клучна беше првата четвртина која Нагетс ја добија со 40-27, па во останатите три четвртини резултатот беше израмнет и на крајот остана разликата од 13 поени.
Јокиќ ја потврди одличната форма, остварувајќи го петтиот трипл дабл сезонава, со постигнати 30 поени, 13 асистенции и 11 скока. Покрај него се истакнаа уште повратникот во тимот Џамал Мареј со 28 поени и Браун и Портер со по 21 поен.
За Мајами ова беше трет пораз во низа и вкупно петти во осмиот натпревар сезонава. Најдобар во него беше Хиро со 24 поени и 11 асистенции, додека Адебајо и Робинсон постигнаа по 20 поени и 9 скока.