Составот од Солун имаше фантастичен шутерски ден, што резултира со дури 16 постигнати тројки. Ваквото торпедирање брзо им донесе висока предност, која на полувремето изнесуваше плус 22 (53-31), за до крајот таа да биде удвоена. Бојан Крстевски со девет поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје Аеродром, додека Еван Максвел, Андреј Магдевски и Дамјан Стојановски постигнаа по осум поени.
Претходно, сино-белите беа подобри од Арис, Здравље Лесковац, Борац Бања Лука и Младост Земун, последните две од „Земун купот“ каде што триумфира. Избраниците на тренерот Александар Петровиќ в сабота најверојатно уште еднаш ќе ги одмерат силите со ПАОК, овој пат во „Јане Сандански“, а првиот официјален дуел ќе го одиграат на 28 септември и тоа против ТФТ во македонскиот Суперкуп.