Маркус Смарт од Бостон Селтикс и Микал Бриџис од Феникс Санс ја предводат првата одбранбена петорка на НБА за 2021/22. сезона, објави НБА.
Смарт, најдобриот одбранбен играч во НБА, доби 198 поени (99 гласови за првиот тим) за да го заработи својот трет избор во идеалниот одбранбен тим на НБА. Бриџис, кој заврши на второто место за наградата одбранбен играч на годината во неговата трета сезона во НБА, доби 193 поени (95 гласа за првиот тим). Ова е првиот избор на Бриџис во НБА-дефанзивниот тим (Тим 1 и Тим 2).
Нив двајца во НБАидеалниот одбранбен 1 тим 2021/22 , им се придружија центарот на Јута Џез, Руди Гоберт (171 поен; 76 гласови за првиот тим), крилото на Милвоки Бакс, Јанис Антетокумпо (156 поени; 63 гласа за првиот тим) и крилото на Мемфис Гризлис, Џерен Џексон Јуниор (153 поени; 55 гласа за првиот тим).
Гоберт, трикратниот одбранбен играч на годината , беше избран во 1-виот НБА одбранбен тим шеста сезона по ред. Антетокумпо, одбранбен играч на НБА 2019/20 и двоен МВП, беше избран за прв одбранбен тим четврта сезона по ред. Џексон, четиригодишен НБА играч и лидер на сезоната 2021/22 по број на блокови по натпревар (2,27), дебитира во НБА-дефанзивниот тим.
Вториот одбранбен тим на NBA 2021, / 22 , се состои од Бам Адебајо од Хит (152 поени),играчот на Милвоки Бакс Џру Холидеј (89 поени), од Филаделфија 76ерс Матис Тибул (87 поени), центарот на Бостон Селтикс Роберт Вилијамс (70 поени) и Голден Стејт Вориорс Дрејмонд Грин (34 поени) .