Кошаркарот на Бостон Селтикс, Енес Кантер утре ќе стане американски државјанин, а ќе го смени и презимето. Кантер остана без турско државјанство бидејќи со години го критикуваше претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговиот режим.

„Владата на Ердоган стана толку моќна што може да допре до своите противници преку границите. Владата беше толку лута на мене поради моите постапки против кршењето на човековите права што издаде  барање за мое апсење преку Интерпол, па дури и испрати насилници да ме малтретираат на улиците во Бостон“, рече Кантер.

Презимето ќе го промени во знак на борбата за слобода на народот на Кина, пред се Тибетанците. Неговото презиме ќе биде Freedom(Слобода) , додека Кантер ќе му стане средно име. Претходно, на патиките носеше натписи „Ослободи го Тибет“, „Модерно ропство“, „Тајван му припаѓа на тајванскиот народ…“.

https://twitter.com/ShamsCharania/status/1464974953351200768?s=20