Микаела Шифрин на својот петти настап во Килингтон ја оствари својата петта победа. Ова беше третиот овосезонски слалом во Светскиот куп .
Работата и ја олеснија победничката од првите два слалома и водечката по првото возење Петра Влхова од Словачка, која направи голема грешка на почетокот на второто возење и на крајотбеше втора со заостанување од 75 стотинки, а трета беше Швајцарката Венди Холденер (+0,83), што е нејзин 28. подиум, но се уште ја чека првата победа.
Во слалом води Влхова со 280 бодови, 20 повеќе од Шифрин, а во генералниот пласман води Американката со вкупно 360 бодови.