Нaјновите вести од Англија велат дека Новак Ѓоковиќ сепак ќе може да игра на Вимблдон, иако најдобриот тенисер во светот не сака да се вакцинира против корона вирусот.
Тим Хенман, поранешен тенисер, а сега еден од клучните луѓе во организацијата на британскиот грен слем, изјави: „Вимблдон ќе ги следи препораките на владата на оваа земја, па за учество на турнирот ќе биде потребен антигенски тест а не задолжителна вакцинација“. Така, Ѓоковиќ би можел да ја одбрани минатогодишната титула во Ол Ингланд Клубот, што беше негова шеста на Вимблдон.
Организаторите на некои турнири не ја поставуваат вакцинацијата како услов за учество, па Ѓоковиќ е во Дубаи моментално каде ќе настапи на овој турнир. Покрај овој турнир тој доби покана и во Рим.
Што се однесува до Ролан Гарос, таму прво рекоа дека ќе можат да настапат, но потоа ја сменија одлуката со тоа што вакцинацијата е задолжителна. УС Опен, последниот Грен слем во годината е далеку и не се знае какви ќе бидат условите за него.