Дерил Мори, претседателot на кошаркарските операции на Филаделфија 76-ерс, предложи големи промени во НБА лигата.
Во моментов во НБА лигата има систем од 82 натпревари во регуларниот дел од сезоната, плус плеј-офот кој се игра на четири добиени натпревари.
Дерил Мори, првиот човек на Сиксерси, предлага радикализација на НБА лигата и намалување на 58 натпревари плус поинтересен плејоф.
„Ми се допаѓа регуларниот дел од сезоната со 58 натпревари, што значи дека секој може да игра двапати со секого и потоа имаме плеј-оф, сто проценти сум сигурен дека колку пократко, толку подобро. Замислете систем како во НФЛ, каде во плеј-офот се игра само еден натпревар. Само еден и тоа е тоа. Дури и турнирот во NCAA го прави тоа и за 63 натпревари заработуваат пари колку што правиме ние во целата регуларна сезона. Сите сакаат да имаат Супербол, ништо не е како Супербол, но НБА може да направи големи работи“, изјави Дерил Мори.
Се сеќаваме само дека Дерил Мори како генерален менаџер на Хјустон Рокетс донесе коренити промени во тимот и за малку ќе ги собореше Голден Стејт Вориорс во период кога беа убедливо најсилни во лигата.
Можеби ова не е толку лош предлог.