Во најинтересниот натпревар од синоќешната програма во НБА лигата Њујорк го победи Бостон.
Бостон водеше во најголемиот дел од натпреварот, во еден период од втората четвртина имаа предност и од 57-32. Њујорк постепено ја намалуваше негативата и првпат поведе во финишот од мечот со 99-98.
При резултат 105-105, Барет постигна тројка со звукот на сирената за ерупција во Медисон Сквер Гаден и победа на Њујорк.
https://twitter.com/nyknicks/status/1479285856460541956?s=20
Фурние со 41 поен беше најдобар во составот на Њујорк, Рендл постигна 22, кај Бостон најдобар беше Тејтум со 36 поени.