Кошаркарите на Армани Олимпија од Милано загубија на неверојатен начин од литванскиот Жалгирис Каунас со 82-85, иако во еден момент од натпреварот имаа предност од +27 поени (60-33).

Милано имаше сигурен старт и ја доби првата четвртина со 24-17, додека до полувреме предноста се зголеми на 49-31.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговите соиграчи стигнаа и до +27 (60-33), но проблемите почнаа во завршницата на третата четвртина, кога Жалгирис почна да ја топи разликата.

Жалгирис одигра неверојатно во последните 10 минути од средбата и успеа да стигне до целосен пресврт (82-85).

Најдобар стрелец кај Жалгирис беше Гиедраитис со 21 поен, пред Франсиско со 17 поени, додека кај Милано, Миротиќ имаше 17 поени, а го следеше Шилдс со 14 поени.

Македонскиот кошаркар го заврши мечот со 11 поени, два скокови и четири асистенции.