Белградски Партизан договори едно и е пред договор со уште едно големо засилување во пресрет на новата сезона.
Црно-белиот дрес ќе го облече најдобриот дански кошаркар во моментов Ифе Лундберг кој во Партизан се сели од Виртус каде ги помина последните две сезони. Со италијанскиот тим освои два трофеја во Суперкупот, а претходно играше за Феникс Санс, ЦСКА, Зјелона Гора, Гран Канарија, Манреса, Хорсенс и Копенхаген.