Голден Стејт Вориорс го дознаа својот ривал во финалето на НБА. Тоа ќе биде големиот Бостон Селтикс кој по Нетс и Бакс ги исфрли Мајами Хит, во тешка серија и возбудлив седми натпревар .
Кошаркарите на Бостон се пласираа во големото финале на НБА лигата откако во решавачкиот, седми натпревар од финалето на Источната конференција го совладаа Мајами на гости со 100:96 и ја добија серијата со 4-3.
Бостон во финалето ќе игра против Голден Стејт, а до финалето имаше исклучително тежок пат низ Бруклин Нетс, Милвоки Бакс и Хит кои беа тешки и се бореа до самиот крај на последниот, седми натпревар.
Бостон за прв пат од 2010 година е финале, а по три неуспеси во последните пет години и пораз во финалето на Истокот, конечно стигна до успехот. И тоа откако Мајами за малку ќе се вратеше и покажа борбено срце, но овој пат на Хит тоа не му беше доста.
Бостон ја направи првата разлика со 32:17 и не застана до крајот. Но Хит го заврши полувремето со серија 11:2, а набрзо на почетокот на третата дојде до минус два. Но, за секоја серија на Хит , Бостон имаше подготвен одговор.
Џими Батлер ја имаше последната шанса со тројка да го доведе својот тим во водство на 17 секунди до крајот, но промаши, а Селтикси со слободни фрлања го решија финалето и ја забележаа најголемата победа на оваа генерацијата на Бостон со 100:96.
Во решавачкиот натпревар во Мајами, Бостон до победата го предводеа Џејсон Тејтум со 26 поени и 10 скока со шест асистенции и Џејлен Браун и Маркус Смарт со по 24 поени. Смарт имаше и девет скока, а Браун имаше шест скока и асистенции
Кај Мајами се истакнаа Џими Батлер со 35 поени со девет скока и Бам Адебајо со 25 поени и 11 скока, но овој пат тоа беше премалку за Хит.