Сезоната во Шпанија се уште не е завршена бидејќи не ги дознавме имињата на сите клубови кои следната сезона ќе се натпреваруваат во Ла Лига. Регуларниот дел од сезоната во Сегунда и официјално заврши синоќа, а пласман во најсилниот ранг на шпанскиот фудбал обезбедија Алмерија и Ваљадолид, кои на крајот имаа најмногу среќа во последното коло. Третиот патник во Ла Лига ќе го дознаеме по плеј-офот каде се пласираа Еибар, Жирона, Лас Палмас и Тенерифе.
Еибар во полуфиналето ќе игра против Жирона, додека во вториот натпревар силите ќе ги одмерат екипите од Канарските острови Лас Палмас и Тенерифе.
Сепак, најголемиот шок синоќа го доживеаја играчите и навивачите на Реал Овиедо. Овој клуб беше на прагот да стигне до плеј-офот и сите на стадионот мислеа дека Овиедо оди во плеј-оф, но на крајот добија шокантни информации.
Резултатите од другите терени на крајот не му одеа во прилог на Овиедо, кој остана без плејоф и шанса конечно да се врати во Ла Лига по испаѓањето во 2001 година.
На Овиедо му требаше пораз на Жирона на гостувањето кај Бургос и добија информација дека Бургос поведе со 1:0, по што почна големо славје, но набрзо сфатија дека нема гол и дека натпреварот заврши 0:0 и дека Жирона замина во плеј-офот.
https://twitter.com/JosipFCB93/status/1531023328554668033?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1531023328554668033%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportm.mk%2Fkolku-fudbalot-znae-da-bide-brutalen-slavea-plasman-vo-plej-of-vo-najdobrata-shpanska-liga-a-potoa-vistinski-shok-video%2F