Рафаел Надал одржа прес-конференција на која го најави натпреварот од четвртфиналето на Ролан Гарос во кој ќе ги одмери силите со својот голем ривал Новак Ѓоковиќ. Натпреварот треба да се одигра утре од 12 часот како прв натпревар во денот доколку нема промена поради временските услови или откажувања.
“Се надевам дека ќе бидам доволно добар за да тренирам пред натпреварот. Не сум играл против Ѓоковиќ една година, тоа ќе биде голем предизвик за мене. Тој победи на последните девет натпревари, тој е освојувач на Рим и тој сигурно ќе има голема самодоверба. Знам каква е мојата ситуација кога е во прашање здравјето, но ќе се борам, не можам да се жалам, сепак стигнав до четвртфиналето. Секој меч може да ми биде последен на Ролан Гарос“, рече Надал.
„Натпреварот со Ѓоковиќ може да ми биде последен на Ролан Гарос. Поминав низ многу компликации на стопалото и што уште не во кариерата, секој меч може да ми биде последен. Се обидувам да продолжам да го живеам сонот да играм тенис, па ќе видиме што ќе се случи“.
Да потсетиме, Надал од 2005 година има проблем со мистериозната болест Мулер-Вајс, а се работи за дегенеративно заболување кое предизвикува деформација на една од коските сместени во средишниот дел на стапалото.
„Не грижете се. Тоа е хронична болест за која нема лек“, објасни Надал на претходната прес-конференција оваа година.