Овој состав е вкупно 69-ти кој може да се пофали дека бил дел од Серија А, а вкупно 12-ти од провинцијата Ломбардија од која доаѓаат и „росонерите“. Берлускони не би бил тоа што е ако на прославата на влезот во прволигашкото друштво не даде изјава која вирално се пренесе во целиот свет.
„Ова е моја втора голема радост оваа сезона, бидејќи претходно ептен се израдував на титулата на мојот Милан. Ќе биде емотивно да се гледаат мечевите помеѓу Монца и Милан следната сезона и едвај го чекам тоа. Навикнат сум на победи во животот. Сега откако влеговме во Серија А, го сакаме Скудетото, а потоа ќе ја нападнеме титулата и во Лигата на шампионите“, изјави Берлускони.
Монца во баражот за влез во елитата играше против Пиза, каде што вчера загуби со 3-2 во регуларниот дел, поради што мораше да се играат продолжетоци со оглед на победата на домашен терен со 2-1. Во екстра времето фудбалерите на Берлускони, кој во еден момент од средбата дури и си задрема на трибините, постигнаа уште два погодоци и станаа членови на Серија А.