Златан Ибрахимовиќ му донесе бод на Милан против Удинезе (1:1) и стигна до својот 300. првенствен гол во најсилните 5 лиги во Европа.
Во овој век, заедно со Ибрахимовиќ, само уште двајца фудбалери успеале да постигнат најмалку 300 гола во петте лиги. Тоа се секако Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Роналдо има постигнато 483 гола, а Меси осум помалку.
Ова беше 153. гол на Ибрахимовиќ во италијанската лига. Уште 113 постигна во француската лига во дресот на ПСЖ, 17 во Јунајтед во Премиер лигата и 16 во Барселона во шпанската лига. Од петте лиги најсилни лиги во Европа, 40-годишниот Швеѓанец нема настапувано само во Бундеслигата.