Њукасл еден час работеше и успеа да дојде на чекор до победа и тоа после гол негатива по само пет минути, но моќниот тим на Пеп Гвардиола за само три минути ја стопи предноста на „Сент Џејмс Парк“, но не успеа да направи пресврт за да остане максимален и по третото коло во Премиерлигата, па лондонски Арсенал останува единствен со три победи во три меча.
Алмирон и Вилсон во 28-та и 39-та минута направија пресврт во првиот дел, откако Илкај Гундоган во петтата донесе водство за Сити, а девет минути во вториот дел, Киран Трипие со спектакуларен гол го донесе Њукасл на два гола предност и на чекор до победа, ама… Три мунити им требаа на „граѓаните“ набрзина да дадат два гола за да израмнат, прво ерлинг Халанд во 61-та, па Бернардо Силва во 64-та и да обезбедат барем бод, иако се обиде Сити до крајот и да победи, ама сето тоа безуспешно.
Сити со ремито сега е втор со седум бода, колку што имаат и Тотнем, Лидс и Брајтон, додека лидер е Арсенал со девет, осамен на врвот. Њукасл, пак, го освои петтиот бод со ова второ реми во првите три кола и е шестопласиран.