Холандскиот гигант ПСВ беше безмилосен против Копенхаген и го декласираше со 4-0, па со вкупни 8-4 обезбеди место во четвртфиналето на Конференциската лига, а таму се пласираше и Лестер, иако загуби со 1-2 од Рен, бидејќи во првиот меч премиерлигашот трумфираше со 2-0.

Захави двапати се запиша во листата за гостите, а уште по еден гол постигнаа Геце и Мадуеке, кои беа доволни за убедлив триумф од 4-0 на гостински терен.

Рен постигна гол во осмата минута преку Бурижо, но потоа Фофана израмни на 1-1. Сепак, надежта на домаќините ја врати Таит со гол за 2-1 на 15 минути пред крајот. Меѓутоа, премиерлигашот издржа и не прими нов гол, па така обезбеди место во следното коло.

Марсеј славеше со 2-1 во реваншот против Базел, па благодарение и на првиот меч (2-1) обезбеди пласман во четвртфинале.