Фудбалската репрезентација на Данска триумфира во дуелот од второто коло од Лигата на нациите против Србија со 2-0 (1-0). На натпреварот на „Паркен“ во Копенхаген беа постигнати по еден гол во двете полувремиња, а еден од двата беше ефектен преку Јусуф Поулсен.
Прво стрелец беше Алберт Гронбаек кој во 36. минута го отвори резултатот (1-0). Голот се проверуваше за недозволена позиција, но ВАР собата утврди дека нема офсајд.
Во продолжение Србите не успеаја да да ја анулираат негативата, а казната стигна веќе во 61. минута кога примија и втор гол. Виктор Кристиансен нафрли, а на пеналтикот со „ножички“ топката ја дочека Поулсен и ја смести во мрежата за 2-0.
Во Лигата Ц селекцијата на Бугарија минимално славеше против Северна Ирска (1-0), Словачка го совлада Азербејџан (2-0), а реми одиграа Гибралтар и Лихтенштајн (2-2).