Саутемптон го доведе бразилскиот стопер Лијанко. Лијанко Војновиќ (24) пристигнува во Саутемптон од Серија А т.е. од Торино за 7,5 милиони евра.
Интересно е што Лијанко има српски корени по неговиот дедо Јован, роден во Србија. Јован се преселил во Бразил за време на Втората светска војна.
Во 2016 година има запишано настап за младата репрезентација на Србија, но потоа се предомислува и продолжува со настапи за бразилските младински селекции