Илаикс Мориба, големиот талент на Барселона, кој се најде во незгодна ситуација затоа што одби да му се намали платата е на излезна врата од Барселона.
Реал Мадрид го имаше Мориба на радарот и беше близу да го доведе, но ништо од тоа нема да се случи.
Дијарио Спорт пишува дека трансферот пропаѓа поради договорот помеѓу претседателот на Реал, Флорентино Перез и претседателот на Барселона, Хуан Лапорта. Тие двајца склучија пријателски “пакт за ненапаѓање”. Барселона и Реал Мадрид сакаат да одржуваат добри односи.
Перез лично го запре трансферот на Мориба откако агентите на Реал веќе стапија во контакт со Мориба и ја започнаа реализацијата.
Барселона бара 20 милиони евра за 18-годишниот талент а според последните информации се чини дека Мориба ќе се пресели во германскиот РБ Лајпциг.